Ватикан: За прв пат жена директор за финансии

Од:

За прв пат во две илјади години, со ватиканските финансиии ќе располага жена. Папа Франсис за шеф на реформите во Ватиканската банка ја именува 30-годишната Франческа Чаоуки, која на јавноста веќе и е позната по пикантните фотографии од микроблогот на Твитер, пишува „Тајмс“.

francesca-chaouquiКако што истакнува авторот на статијата Чаоуки таа ги урива ватиканските стереотипи, каде што доминираат мажите.

Во комисијата ќе бидат уште седум мажи. Оваа убавица, како што ја нарекуваат, е специјалист за односи со јавноста, а потекнува од мало калабриско село.

Како што вели авторот оваа непосредна и енергична жена, со презир гледа на зацртаната традиционална доминација на мажите во својата држава.

Папата вети дека ќе ја зајакне улогата на жените во црквата, поради што за член во друга комисија ја именува поранешната американска амбасадорка во Ватикан, Мери Ен Глендон.

„Тајмс“, истакнува дека судејќи според гласините, ватиканскиот премиер кардиналот Бертон, не е задоволен со именувањето на Чаоуки, додека многумина за актуелните проблеми го обвинуваат токму него.

Како што вели авторот, по именувањето на Чаоуки записите од микроблогот наТвитер, во кои раскажувала на внатрешното ватиканско дејствување се избришани.

Мотив за нејзиното именување е фактот што таа е сојузник на ватиканските реформатори, кои под водство на папа Франсис, постепено преовладуваат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска