Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави фотографија од прославата на Свети Никола, а еден од гостите беше Ивица Дачиќ.
View this post on Instagram
„Во куќата на моите родители, денес, на Св. Никола, бев домаќин на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и Ивица Дачиќ. Ви благодариме што ја почестивте куќата на Вучиќ! Да живее српско-грчкото пријателство“, рече тој.
Претходно претседателот им честиташе на сите верници што го слават денешниот ден.
View this post on Instagram
„Здравје и среќа на сите кои го слават Св. Никола, а особено на нашиот напатен народ на Косово“, напиша утрово Вучиќ.