Корисниците на Твитер го дадоа својот глас во анкетата на милијардерот и сопственик на социјалната мрежа Илон Маск, кој ги праша дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата. Кога ја објави анкетата, Маск им порача на корисниците дека ќе ја почитува нивната одлука.
Мнозинството корисници, 57,5 отсто од нив, гласале Маск да се повлече од функцијата шеф на Твитер, додека 42,5 отсто од нив сметаат дека Маск треба да остане на чело. Во истражувањето учествувале 17.502.391 корисници.
Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари во април.
Твитер потврди дека постигнал дефинитивен купопродажен договор. „Компанијата беше целосно купена од субјект во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари по акција. Трансакцијата е проценета на приближно 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, Твитер ќе стане приватна компанија. Според постигнатиот договор, акционерите на Твитер ќе добијат 52,20 долари за секоја акција што ја поседуваат во моментот на договорената трансакција. Последниот ден со акциите се тргуваше пред г-дин Маск да објави дека купил удел од околу 9 отсто од Твитер“, соопшти тогаш компанијата.
Така Маск стана сопственик на платформата, која ја смета за „јавно дигитално место каде што ќе се разговара за витално важни содржини за човештвото“, се вели во соопштението.