Албанија: Думани најави поагресивна борба против корупцијата на функционерите на сите нивоа

Од:

На првиот ден од неговиот тригодишен мандат претседателот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) на Албанија Алтин Думани најави дека обвинителство преминува на поагресивна борба против корупцијата на функционерите на сите нивоа.

-По три години од формирањето СПАК ќе премине во друга фаза а тоа е поагресивна борба против корупцијата на службениците на секое ниво, како и против организираниот криминал, рече тој.

На средба со новинарите Думани порача дека дадената доверба го „тера да се посвети максимално на задачата“.

Упати благодарност со колегите и досегашниот прв човек на институцијата, Арбен Краја, за „максималната посветеност во соочувањето со предизвиците на оваа институција“.

-За секој од нас овие 3 години, беа тешки, но секој од нас има свој придонес. СПАК сега мора да премине во друга фаза од борбата против корупцијата. Со тригодишното стекна искуство, сите заедно ветуваме дека ќе соработуваме и преку нашата работа ќе се соочуваме со предизвиците што не очекуваат“, рече тој.

Наша обврска е рече тој, од СПАК да направиме институција во која луѓето ќе имаат доверба и најави потесна соработка со албанското истражно биро, БКХ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата

После Грција, земјотрес ја погоди и Албанија

ВИДЕО: Уапсени двајца Македонци во Саранда, краделе низ туристичкиот центар

Катерина Ѓуровски

Грозоморен настан во Тирана – Американец ја задавил сопругата и двете кучиња и се обесил

Катерина Ѓуровски

Вон контрола пожарот во Националниот парк „Преспа” кај Пустец