Министер за одбрана на Србија: Една искра е доволна за да се разгори ситуацијата во Косово

Од:

Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ изјави дека ситуацијата во Косово „се уште е многу напната“ и дека „едно шкорче е доволно за да се запали сè“.

Вучевиќ за денешното издание на Курир изјави дека „очигледно е дека се води многу перфидна војна за да им се стави до знаење на Србите дека не се добредојдени во Косово и Метохија и тивко да се спроведе уште еден егзодус“, пренесува Бета.

– Граѓаните треба да знаат дека Србија ќе остане доследна на политичкиот договор за да ги зачува мирот и стабилноста, но дека никогаш нема да дозволиме нова „Бура“, рече Вучевиќ.

Тој изјави дека Србија „ќе остане цврста и истрајна“ во барањето за враќање на дел од полицајците и војниците во Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија