Франција планира повторно во целост да се ангажира на Балканот и да придонесе за успехот и просперитетот на регионот и патот кон Европската унија, изјави францускиот министер за европски прашања Тјери Репантен.
– Сакаме да видиме дали сте подготвени да се приклучите на Европската унија, подготвени да ги исполните своите обврски, подготвени да ги поднесете предизвиците на единствениот пазар, подготвени да бидете, на крај, покрај на нас, полноправна членка на ЕУ, посочи Репантен во интервју за белградскиот весник „Политика“.
Репантен денеска е во посета на Белград, каде ќе има средби со највисоките српски претставници, а потоа е предвидено да ги посети Подгорица и Приштина.