По обвинувањата за корупција, поранешната потпретседателка на Европскиот парламент е осомничена и за проневера на пари од фондовите на ЕУ. Според пишувањата на медиумите, нејзиниот партнер признал дека е член на „организација што ја користи Катар“, пишува Дојче веле.
Стигнаа нови обвинувања против поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили. Таа беше уапсена под сомнение за корупција, а сега е обвинета за манипулација со буџетските средства на ЕУ.
Европското јавно обвинителство во Луксембург побара во четвртокот да им се укине имунитетот на социјалистичката пратеничка Каили и нејзината конзервативна колешка Марија Спиракис, исто така од Грција.
Dans le cadre d’un dossier du Parquet Fédéral de suspicions de corruption, visant des personnes actives au sein du Parlement européen, la Police Judiciaire Fédérale a saisi près d’1,5 millions d’euros lors de perquisitions menées en région bruxelloise. pic.twitter.com/2UfK2zNtnm
— Police Fédérale (@policefederale) December 14, 2022
Медиумите јавуваат и дека партнерот на Ева Каили во вториот корупциски скандал поврзан со поткуп од Катар во Европскиот парламент (ЕП) во меѓувреме се изјаснил за виновен.
Како што објаснуваат од Канцеларијата на европското јавно обвинителство, новите обвиненија се однесуваат на сомнежот дека е направена „измама против буџетот на ЕУ“, особено во однос на надоместоците на членовите на Парламентот на ЕУ. Ова дополнително обвинение се појави по истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).
Друга засегната пратеничка во Европскиот парламент, Марија Спираки, рече дека „со радост го прифаќа барањето за укинување на имунитетот“ за да покаже дека нема финансиски неправилности во врска со Европскиот парламент „ни за едно евро“. Тој случај се однесува на обештетување на поранешен соработник, кој „имаше сериозен личен проблем и отсуствуваше од состаноците на Европскиот парламент“. Фракцијата на Марије Спираки, Европската народна партија (ЕПП) побара целосна соработка од пратеничката со Европското јавно обвинителство.
Европскиот парламент во четвртокот вечерта за агенцијата АФП потврди дека добил барање за одземање на имунитетот на две пратенички. Собранието „веднаш“ поведе соодветна постапка, соопшти прес-службата на Европскиот парламент.
Каили минатиот петок беше уапсена во Брисел под сомнение за „аферата Катар“, исто како и нејзиниот партнер, кој работеше во Парламентот како советник за надворешна политика и човекови права. Како што се дозна во белгиските судски кругови, при претресот во нивниот заеднички стан биле пронајдени 150.000 евра, а кај таткото на Каили биле пронајдени уште 750.000 евра во кеш.
Гркинката Каила и другите осомничени се товарат за „членство во криминална организација, перење пари и корупција“. Се вели дека тие биле платени од Катар за да ги застапуваат нивните интереси во Европскиот парламент. Катар ги отфрли обвинувањата.