Муцунски: Наша обврска е светот на децата да го направиме поубав

Од:

Градоначалникот Тимчо Муцунски денес го посети Основното училиште „Лазо Ангеловски“ каде заедно со дечињата учествуваше во работилница за новогодишната подготовка на училиштето. Во рамки на посетата заедно учениците од ова основно училиште училиште ја украсија новогодишната елка, ги нацртаа новогодишните честитки и испратија писма до Дедо Мраз информираат од Општина Аеродром.

„Наша обврска пред се како луѓе, но и во делот на политиката е да го направиме животот на децата полесен, а нивниот свет поубав. Токму поради тоа општина Аеродром инвестира во изградба на нови училишта, спортски центри и детски игралишта. За мене среќата на децата е најважна и понатаму ќе правам се, преку инвестициите и проектите нивното живеење во Аеродром да го збогатуваме со нови содржини и места“, напиша Муцунски на својата фејсбук страна.

Општина Аеродром информира дека ќе организира низа јавни настани, како дел од програмата за одбележување на Новата година. Во рамки на оваа програма е и фестивалот „Дром Фест – Култудром во вашиот дом“ кој од денеска, па во следните три дена се организира пред платото на „Капитол мол“.

Би можело да ве интересира

Потпишана нова Рамка за соработка со Обединетите нации

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

Муцунски од Блед: Нашата стабилност е европска стабилност, нашиот напредок е европски напредок

Преговорите со ЕУ не може да се блокирани кога не се ниту почнати благодарение на СДСМ и на ДУИ, реагира Муцунски

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Филипче од една страна зборува за уставни измени, од друга за откажување од преговорите ако има ново вето

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања