Русите утрово погодија девет електрани: Капацитетот на системот падна за повеќе од 50 отсто

Од:

Министерот за енергетика на Украина, Херман Халушенко, објави дека руски проектили погодиле девет украински електрани во масовниот напад утринава и додаде дека тимови од инженери се уште работат на проценка на степенот на штетата.

Украинската државна енергетска компанија Укренерго објави дека повеќе од половина од потрошувачите во Украина останале без струја поради ракетните напади на руските сили. „Масовните ракетни напади низ Украина предизвикаа губење на повеќе од половина од капацитетот на електроенергетскиот систем“, објави Укренерго во соопштението.

Градовите Харков и Полтава се уште се без електрична енергија, а најавени се итни прекини на струјата низ целата земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски