Герасимовски: Преку заедничко планирање на проектите со граѓаните го унапредуваме животот во Центар

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и општинската администрација вчера ја одржаа завршната сесија за буџетските форуми. Преку овие форуми општината овозможува партиципативно граѓанско учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови.

Притоа градоначалникот Герасимовски зборуваше за капиталните проекти во општината планирани за следната 2023 година и воедно ги повика граѓаните да дадат предлози за населбата во која живеат со цел таа да стане поубаво место за сите жители.

„Ова е завршен настан кој нас во општината ќе ни помогне да ја затвориме финансиската рамка за буџетот за 2023 година кој треба да го затвориме наскоро. Сакам заеднички да ги креираме програмите и проектите на општината со што ќе придонесеме за поквалитетен живот за сите нас. Нас ни е важен вашиот придонес, да ни кажете дали планираните проекти за наредната година се во согласност со вашите барања и потреби или треба нешто да промениме и додадеме“, изјави Герасимовски пред присутните граѓани.

Во истата прилика пред граѓаните Герасимовски ги кажа и трите клучни проекти за наредната година како целосната реализација на градинката „Пролет“ чија изградба е во тек, изградба на монтажна гаража во Капиштец со капацитет за 260 возила и основање на општинско претпријатие за производство и продажба на струја.

На вчерашната дискусија граѓаните побараа обележување на велосипедска патека на ул. Народен фронт, предлог за побрзо донесување на ДУП-от за Буњаковец 1 и Буњаковец 2, нови проекти во образованието, стоп за насилството во училиштето, тркалезна маса за ученици и учители, летна школа за сите ученици како и натпревари на општинско ниво.

Општина Центар го креира буџетот и општинските проекти заедно со граѓаните затоа што тоа е правилниот начин за сите граѓаните да добијат проекти кои ќе им го подобрат животот во населбите во коишто живеат.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг