СДСМ: Кавгите на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска открија шокантни признанија за закани од Мицкоски

Од:

Кавгите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од една и Данела Арсовска од друга страна, открија скандалозни признанија за навреди и закани за влечење по улици и бришење подови. Заканите што ги посочува Арсовска потврдуваат, дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата насилничка матрица, која граѓаните на своја кожа ја чувствуваа цели 11 години, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека навреди, клевети, уцени, закани за физичко насилство, тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.

– Додека Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се расправаат за пари и тендери, интересот и потребите на граѓаните се заборавени, Град Скопје е во хаос, а јавните претпријатија се во колапс. Штетата од тоа ја трпат граѓаните на Скопје – се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел