Сопругата на аргентинскиот фудбалер Лаутаро Мартинез поднесе жалба: „Во Катар ни ставија стакло во пијалоците“

Од:

Сопругата на аргентинскиот фудбалер Лаутаро Мартинез, Агустина Гандолфо доживеала инцидент во кафуле во Катар каде со другарките ја прославувала победата над Хрватска во полуфиналето на Светското првенство.

Гандолфо на Инстаграм напиша дека нарачале пијалок во катарско кафуле и во него пронашле парчиња стакло. Потоа, тврди таа, отишле во болница за да се уверат дека никој не проголтал парче стакло и да проверат дали се e во ред. За среќа никој не е повреден.

По излегувањето од болница отишле во полиција и го пријавиле настанот.

„Каква штета, поднесовме жалба и имаме сведоци во кафулето во кое бевме“, напиша Гандолфо.

Малку подоцна се јавил сопственикот на кафулето, кој тврди дека Гандолфо и нејзиното друштво ја измислиле целата приказна.

Што точно се случило сè уште не е целосно јасно.

Би можело да ве интересира

Ердоган ќе присуствува на денешното финале на Светското првенство во фудбал во Катар

Ана Ололовска

Макрон: Пред четири години бев зад репрезентацијата на Франција во Русија, сега сум зад нив во Катар

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

Во Катар почина уште еден новинар

А1он

Дачиќ: Лицемерен потегот на ФИФА за покренување дисциплинска постапка против репрезентацијата на Србија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Се шири лажна снимка во која се тврди дека Украинците во Катар го користеле нацистичкиот поздрав

А1он