Европскиот суд за правда, одлучи дека правилата на УЕФА и ФИФА за блокирање и казнување на клубови и обесхрабрување на фудбалерите да се приклучат на Европската суперлига не се во спротивност со законите на ЕУ, во голем удар за трите преостанати клубови во проектот, Јувентус, Барселона и Рел Мадрид.
„А22 спортс менаџмент“, компанијата која е формирана да ја спонзорира Суперлигата како паралелно натпреварување на Лигата на шампиони, тврдеше дека обидите за блокирање на УЕФА и ФИФА се нелегални бидејќи ја злоупотребуваат доминантната позицијаво фудбалот. Меѓутоа, главниот адвокат на судот, Анастасиос Рантос го отфрли ова тврдење.
„Правилата на ФИФА и УЕФА за формирање на ново натпреврување без нивна согласност се компатибилни со европските закони. Европската суперлига има прао да формира свое независно фудбалско натпреварување надвор од ФИФА и УЕФА, но не смее да продолжи да учествува во фудбалските натпреварувања организирани од УЕФА и ФИФА без нивно одобрение“, се вели во одлуката.
Оваа одлука во корист на УЕФА и ФИФА засега е необврзувачка одлука, бидејќи конечната одлука на ЕУ се очекува напролет.
Извор: Топспорт