Татко и син од Ресен завршија во болница спасувајќи ја куќата од пожар

Од:

Татко и син од Ресен завршија на болничко лекување откако се обиделе да го локализираат пожарот кој пламнал во нивната куќа.

Од МВР велат дека вчера во 14.20 часот во полициската станица Ресен било пријавено дека на ул.„Преспанска“ настанал пожар во куќа сопственост на И.Д.(57) од Ресен.

Во пожарот со повреди се здобиле И.Д. и неговиот син М.Д.(19), кои биле пренесени во болницата во Ресен за укажување помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен. Увид бил извршен.

Би можело да ве интересира

Денеска има рекорден број на пожари во еден ден низ Македонија

Горан Наумовски

Уапсен e маж кој подметна шест пожари во близина на Солун за четири дена

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране

Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка

Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати

Катерина Ѓуровски