Автомобилска компанија „Форд“ ќе повлече околу 370.000 автомобили, модели направени од 2005 до 2011 година од територијата на Северна Америка поради проблеми во системот на возилото.
Според најавата, од САД ќе бидат повлечени 355.000 автомобили, додека од Канада 15.000 автомобили.
„Причина за повлекувањето е корозијата која се јавува од солта против мразот. Таа предизвикува висока корозија која може да го оштети системот за управување и да доведе до губење на контролата над работењето на возилото“ – соопшти компанијата.