Ќерката на Дејан Пантиќ, Ивана Пантиќ, денеска побара од властите, а пред се од меѓународната заедница, да му дозволат на семејството да разговара со нивниот татко, со кој немале никаков контакт и пет дена по неговото апсење.
„Прашувам дали татко ми има некакви права во притвор, дали има право на лекарски преглед, дали има право да комуницира со својот адвокат и дали има право на телефонски повик“, праша Дејана Пантиќ.
Таа рече дека ги прашува сите, вклучително и меѓународната заедница, кои се неговите права.
„Петти ден не знаеме ништо за него, не знаеме како е, ниту дали ги примил сите лекови. Ги молам сите, ако можете, барем еднаш да ни се јават или да ни посетат за да го слушнеме како е и во какви услови се наоѓа таму“, истакна Пантиќ, пренесува Танјуг.
Приштинските власти го уапсија и приведоа Пантиќ на 10 декември, поради што Србите од северот веќе петти ден се на барикадите и бараат негово ослободување.