Италијански борбен авион се урна на Сицилија, пилотот загина

Од:

Пилот на италијанското воено воздухопловство загина кога неговиот борбен авион се урна на Сицилија, а неговото тело утрово го пронајдоа спасувачите, јави агенцијата АНСА. Италијанската војска вчера вечерта ја потврди несреќата, велејќи дека авионот не се вратил од тренинг мисија во попладневните часови.

Се верува дека местото на несреќата било на околу 10 километри југоисточно од воената база во близина на Трапани, во западна Сицилија. Упатен е хеликоптер во потрага по пилотот, соопшти Военото воздухопловство. Причината за несреќата се уште не е позната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески