Шолц: Во интерес на Германија и Европа е Балканот да се приклучи на ЕУ

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц  нагласи дека е во интерес на Германија и Европа останатите земји од Балканот да се приклучат на Европската Унија.

Говорејќи во Парламентот пред еднодневниот самит на 27-члената Унија во Брисел, Шолц го поздрави оживувањето на разговорите за пристап во ЕУ со шесте земји од Западен Балкан во последните месеци и вчерашната одлука да и се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина.

– Во наш германски и наш европски интерес е остатокот од Балканот да стане дел од Европската Унија, рече тој пред пратениците во Берлин.

Шолц, исто така, ја пофали одлуката да и се дозволи на Хрватска да се приклучи на Шенген зоната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија