Војната на Путин ќе биде неуспешна од две главни причини – поради огромната храброст на Украинците и поради извонредното единство на меѓународната заедница, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент.
„Не е време за трговска војна со нашите најблиски партнери, мора да ги здружиме силите со нив за поддршка на Украина“, повика таа.
Фон дер Лајен рече дека ЕУ е обезбедена со енергенси за оваа зима, но оти цените растат. Таа истакна дека од почетокот на војната Русија ги намалила испораките на гас за Европа за 80 отсто.
Извор: МИА