Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека САД категорично се противат на враќањето на српските сили на северот на Косово.
„Категорично го отфрламе. Воопшто не го поддржуваме тоа“, вели Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа.
На прашањето каков ќе биде одговорот на САД доколку Белград навистина испрати војници на северот на Косово, Ескобар одговори дека не очекува тоа да се случи.
„Ќе нагласам, Косово има силни безбедносни гаранции од САД, кои се манифестираат со учество во КФОР“, истакна Ескобар.