Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг одржуваат редовни контакти во различни формати, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.
– Лидерите на Русија и Кина одржуваат редовни блиски контакти користејќи различни методи, посочи Ванг.
Рускиот весник „Ведомости“ повикувајќи се на неименуван дипломатски извор, претходно објави дека Путин и Си најверојатно ќе одржат средба преку видео повик на новогодишната ноќ на која ќе разговараат за политичките промени во 2022 година.
Сè уште нема официјална потврда за таа видеосредба.
Извор: МИА