САД испратија пакет енергетска опрема во Украина

Од:

САД го испратија првиот пакет енергетска опрема во Украина, вреден 13 милиони долари, со цел зајакнување на енергетската инфраструктура на земјата, која е под засилени руски напади.

Според најавите, САД планираат да испратат уште две пратки со помош од овој тип до крајот на оваа недела. Минатиот месец САД соопштија дека ќе испратат енергетска опрема во Украина во вредност од 53 милиони долари.

Руските напади од октомври се фокусирани на уништување на украинската мрежа за снабдување со електрична енергија и греење, а Киев и неговите сојузници сметаат дека таквата тактика е обид да им се наштети на цивилите. Последните руски напади оставија милиони Украинци без струја и греење на температури под нулата.

– Нашата стратегија во моментов е да и помогнеме на Украина да се заштити од овие намерни напади врз енергетската инфраструктура што ја користат цивилите бидејќи може да се случи хуманитарна катастрофа, изјави висок американски функционер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 34 украински беспилотни летала

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Се слушнаа Шолц и Путин, разговорот траел еден час

Предраг Петровиќ

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски