ИНТЕГРА реагира против предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести

Од:

Македонска конзервативна партија најстрого реагира по повод предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести.

„Предложените измени во член 10 од предлог-законот се однесуваат на забараната за влез во објекти на лица кои не се имунизирани, кое во основа значи дека се ограничува правото на слобода на движење и со тоа се нарушува едно од основните човекови права. Согласно Уставот, истото е можно само во услови на прогласена воена и вонредна состојба. Оттука овој предложен член е спротивен на Уставот на Македонија“, велат од ИНТЕГРА.

„Второ, ваквиот предлог во суштина значи дека вкацинацијата веќе се третира како задолжителна, што е во спротивност со повеќе законски решенија. ИНТЕГРА е строго против вакви режимски мерки и законски решенија со содржана принуда. Таквиот пристап му дава режимски белег на законскиот предлог и го ограничува највисокото човеково право на слобода на убедување и носење на лични и семејни одлуки за децата испод 18 години граница на полнолетност, како и правото на слобода на движење независно од здравствената состојба на индивидуата“, соопшти ИНТЕГРА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристовски: Капиталните инвестиции од 700 милиони евра стануваат партнер со народот и бизнисите, ќе им служат ним за буст на творечкиот потенцијал

Ристовски: Со економски мерки ќе таргетираме цена на леб 20 денари, на млеко 30 денари и на зејтин 40 денари

А1он

Средба на Ристовски со пензионери – Мора да се подобри квалитетот на животот на пензионерите

Ристовски: Во македонскиот парламент ќе поднесеме резолуција со која ќе се дефинираат црвените линии на македонскиот национален интерес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ристовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погубен е граѓанскиот Устав зошто македонскиот народ така ја губи државотворноста во Македонија

Ристовски во Шуто Оризари: Време е Ромите да добијат шанса да се изборат за подобро утре