Јајоска: Поради неспособноста и поради рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Скопје е блокиран град

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска го создадоа хаосот во Скопје.Поради нивната неспособност, поради нивните кавги за рацете во медот, граѓаните на Скопје се соочуваат со блокади, проблеми во движењето и извршувањето на секојдневните обврски вели советничката на СДСМ во Град Скопје Рената Јајоска.

– ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Арсовска не можат да избегаат од одговорноста, тие треба да сработат за да престанат блокадите. Претседателот на Советот, мнозинството советници, мнозинството советници во Советот се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и само оваа партија може да стави крај на овој хаос. Ние, како советничка група побаравме посебна седница на која ќе се расправа за работењето на ЈСП Скопје, но ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски тоа не го дозволија рече Јајоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски