Општина Аеродром: Манипулациите и лагите станаа главна одлика на СДСМ

Од:

Со денешното соопштение СДСМ прави уште една груба манипулација на јавноста, пласирајќи невистини кои имаат за цел да ја дефокусираат јавноста од тешката економска состојба во која се наоѓа државата, сиромаштијата и високото ниво на криминал и корупција за кое веќе подолг временски период алармираат и меѓународните фактори реагираат од Општина Аеродром.

– Општина Аеродром во изминататата една година покажа како се раководи со локалната самоуправа и како се работи во согласност со законите. Година во која се направени многу повеќе реформи и проекти од четиригодишното владеење на СДСМ во Аеродром, а потврда за ова се признанијата и наградите кои општината ги доби во 2022 година, како и евидентното задоволство кај граѓаните. Досегашното работење на Општина Аеродром ќе биде одбележено по реализација на низа проекти, збор кој е непознат за СДСМ затоа што тие се политичка партија која во историјата на независна Македонија направи историско најголемо задолжување и највисоко ниво на корупција, факт кој сите релевантни и меѓународни фактори го потврдија. Дополнително, потенцираме дека зелената обврзница е проект кој ќе донесе реализација на голем број инфраструктурни проекти во Општина Аеродром кои сериозно ќе го подобрат животот на граѓаните, но и ќе значат континуитет на една зелена трансформација која Општина Аеродром ја започна во 2022 година, а ќе продолжи интензивно да се реализира и понатаму. На крајот, нагласуваме дека наша обврска и заложба е да работиме согласно потребите на граѓаните и да реализираме проекти кои ќе донесат подобра иднина во Аеродром. Таквото работење ќе продолжи и со буџетот за 2023 година кои ќе биде најразвојниот буџет до сега, направен согласно потребите, барањата и идеите на аеродромци се наведува во соопштението од Општината.

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он