Крвав коверт испратен до амбасадата на Украина во Атина

Од:

Амбасадата на Украина во Атина, рано утрово примила крвав коверт, а според портпаролот на укранското МНР Олег Николенко, адресата на испраќачот е идентична со онаа на ковертите испратени до останатите амбасади и конзулати низ светот, јави дописничката на МИА од Атина.

Николенко на Фејсбук објави дека досега се регистрирани 33 случаи на закани во 17 земји, од кои 28 се со крвави пакети, а испраќачот во сите земји е ист: автосалонот на Тесла во германскиот град Синделфинген.

Додаде дека грчката полиција започна истрага, но и дека очекуваат забрзување на истрагата од германските власти.

– Како што рече Дмитро Кулеба, колку и да се обидуваат непријателите да ја заплашат украинската дипломатија, нема да успеат. Работиме за победа, напиша порпаролот на украинското МНР.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск