Нигерија: Убиени 38 лица

Од:

Најмалку 38 лица се убиени во напад на исламисти во Нигерија, а околу 34 се водат како исчезнати, соопштија локалните официјални лица.

Напаѓачите за кои се верува дека се членови на сектата Боко Харам убија 14 лица во едно село во источната држава Борно, пренесе „Франс прес“. Додека во друг напад, во истата држава се убиени 24 лица.

Тие и припаѓале на групата која што се организираше за да се брани од Боко Харам и да и помогне на војската во борба против исламистите.

Војската влијае врз создавање вакви формации, со цел да го задуши исламистичкиот бунт, кој трае веќе четири години, наведува „Франс прес“.

Од почетокот на бунтот од 2009 година, во судирите загинаа повеќе од 3.600 лица. Целта на Боко Хама е да создаде исламска држава во Нигерија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он