Папата доби заменик

Од:

Ватиканскиот дипломат, надбискупот Пјетро Паролин, од октомври официјално ќе ја извршува функцијата премиер на Ватикан и главен помошник на папа Франсис.

Неговото именување претставува почеток на големата реорганизација во Римикатоличката црква, пренесе„ Би би си“.

Поглаварот на Римокатоличката црква, одлучи Паролин да го замени Тарчизиј Бертоне, кого што многумина го обвинија дека не ги спречил етичките и финансиски скандали, кои го одбележаа осумгодишното владеење на претходниот папа Бенедикт ХVI.

По оставката на Бенедикт сите високи свештеници на Ватикан, автоматски ги загубија своите позиции.

Папа Франсис, привремено ги врати на работа сите поранешни шефови на сектори, вклучувајќи го и кардиналот Бартоне, во меѓувреме смислувајќи план за радикалната реконструкција во римокатоличката црква.

Шест месеци по преземање на функцијата папа, започна со административни реформи, наведе британската агенција.

Аналитичарот Грег Бурк, прокоментира дека надбискупот Паролин бил заменик на шефот на ватиканската дипломатија пред да стане амбасадор и дека знае како Ватикан функционира, и како дејствува Римикатоличката црква ширум светот.

–Папата силно ќе смета на него, кога се во прашање меѓународните односи, оцени Бурк. Ватикан има дипломатски односи со повеќе од 170 држави.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска