Гервала: Борел да го осуди Вучиќ за нападот врз полицијата на северот на Косово

Од:

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, побара од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, покрај осудата на нападите врз припадниците на ЕУЛЕКС, да ги осуди и нападите врз припадниците на полицијата. во општините на северот на Косово и оцени дека овие настани поттикнуваат натамошно влошување на состојбата.

„Секој живот е важен. Високиот претставник на ЕУ Борел треба да го осуди и пукањето на косовската полиција која ја извршуваше својата должност и ги штитеше сите граѓани на Република Косово од напади на криминални групи. Изјавите кои не го осудуваат (српскиот претседател Александар) Вучиќ за неговата отворена агресија поттикнуваат натамошна ескалација“, напиша Гервала на Твитер.

Борел денеска на Твитер напиша дека ЕУ нема да толерира насилни акти, а истовремено повика итно да се отстранат барикадите на северот.

„ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС, ниту употреба на насилни злосторства на северот. Групите на косовските Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите“, напиша Борел.

Утрово во близина на барикадата во селото Рударе на северот на Косово, со шок бомби биле нападнати припадници на мисијата ЕУЛЕКС.

Нападот го осудија ЕУ, НАТО, КФОР и претставници на амбасадите во Косово.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина