Прекината е потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар

Од:

Тимот нуркачи на МВР од Специјалната антитерористичка единица Тигар поради временските услови попладнево ја прекина потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар. Во потрагата по давеникот учествувале околу дваесетина лица од повеќе спасувачки служби. До денешното завршување на потрагата пребарен е текот на Вардар од Ново Лисиче до Долно Лисиче.

Спасувачките служби со чамци го пребарувале текот на реката, а неколку екипи брегот на Вардар. Нуркачки екипи пак ги пребарувале недостапните и длабоки места на Вардар, но без успешно. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), потрагата ќе продолжи рано наутро заедно со тимови на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување.

Од ЦУК информираат дека денеска е пребаран потегот од мостот „Близнак” до Железничкиот мост и уште три километри во правец кон селото Долно Лисиче.

Утрово во 6 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од мостот „Близнак” на булевар „Србија” се фрлило во речното корито на Вардар.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок