Ракиќ: Курти вечерва ја испраќа РОСУ на северот на Косово

Од:

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, најави дека „врз основа на информациите што ги имаат, Албин Курти вечерва ќе ја испрати вооружената специјална единица РОСУ и други единици на северот на Косово за да го прогонуваат српскиот народ и да ја изведат операцијата „Бура“.

„По нашиот апел за мир, а според информациите со кои располагаме, Албин Курти на средба со неговите безбедносни структури најави дека вечерва ќе ја испратиРОСА и други единици на северот на Косово за да го прогонуваат нашиот народ“, рече Ракиќ.

Тој го повика КФОР да ја спречи инвазијата на РОСУ на северот на Косово, потсетувајќи дека нивното присуство во овие области е против сите важечки договори.

– Ова е моментот кога одговорноста е на КФОР и Еулекс, да го спречат хаосот што Курти го подготвува – изјави Ракиќ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина