Косовската полиција денеска им забрани на децата на возраст од 12 до 15 години од Ракометниот клуб „Мокра Гора“ да се вратат дома.
На децата им е забранетo влез во Република Косово откако на натпреварот во Александровац се обидоа да го поминат административниот премин Брњак и да се вратат дома.
Како што пренесуваат медиумите, косовската полиција го вратила комбето со децата од преминот Брњак, со што не им дозволила да одморат дома по двете спортски победи.
Децата од РК „Мокра Гора“ се сместени во хотел во Нови Пазар, што им го овозможи општина Зубин Поток, тие се исплашени и загрижени дали утре ќе можат да се вратат кај родителите.