На средбата меѓу косовската претседателка Вјоса Османи и лидерите на опозицијата било одлучено изборите на северот да се одложат за 30 април, пишува Национал.
Според тој медиум, прво било предложено изборите да се одржат на 19 или 26 март.
Сепак, министерот Ненад Рашиќ предложи изборите да се одложат за шест месеци.
По средбата со политичките претставници, Османи истакнала дека сите учесници се согласни со таа одлука.
„Имавме целосна согласност за април 2023 година. Исто така сакам да нагласам една важна работа дека сите претставници на политичките партии покажаа одговорност за она што е најсвето, а тоа е животот на нашите граѓани и кое мора да се обезбеди и заштити, дека полицијата ги има потребните капацитети. Ќе организираме избори, за да бидат слободни“, изјави таа.