Рапер е егзекутиран во Иран поради протести, уште 24 демонстранти се соочуваат со смртна казна

Од:

Најмалку 24 Иранци се соочуваат со смртна казна за учество во протести во кои се критикува владата, се вели во извештајот објавен во ирански весник. Иранскиот дневен весник „Етемад“ објави список составен од правосудните органи во кој 25 демонстранти се обвинети за „војување против Бог“, обвинение кое според исламскиот закон се казнува со смрт.

Раперот Мохсен Шекари (23), кој исто така беше на списокот е погубен во четвртокот, а беше обвинет за напад на чувар со оружје, поттикнување тероризам и блокирање на пат. Правосудните органи најавија дека егзекуциите ќе продолжат. Сепак, „Етемад“ апелираше до судот да ги преиспита смртните казни и да избегне понатамошни егзекуции.

Егзекуцијата на Шекари наиде на остра осуда во Иран и во странство. Но, политичките лидери на Иран, вклучително и претседателот Ебрахим Раиси, ја опишаа егзекуцијата како легитимен одговор на немирите низ целата земја.

Демонстрантите се заканија со одмазда, споделувајќи ја пораката на социјалните мрежи: „Чекај ја нашата одмазда“.

Во меѓувреме, Иранците во странство планираат да одржат серија протестни собири. Протестите беа предизвикани од смртта на иранската Курдка, Махса Амини на 16 септември. Таа почина во полициски притвор откако беше уапсена поради кршење на исламскиот кодекс на облекување.

Покрај меѓународните санкции поврзани со иранската нуклеарна програма, Техеран сега се соочува и со санкции за кршење на човековите права.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот