Годинава се убиени 40 отсто повеќе новинари отколку во 2021 година

Од:

Шеесет и седум новинари и медиумски работници се убиени за време на должноста во 2022 година. Овој број е за повеќе од 40 отсто зголемен во споредба со минатата година, покажа новиот извештај на Меѓународната федерација на новинари (IFJ).

„Порастот на бројот на убиства на новинари и други медиумски работници е сериозна причина за загриженост и уште еден повик за будење за владите ширум светот да преземат мерки за одбрана на новинарството, еден од клучните столбови на демократијата“, вели генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Беланџер.

За зголемувањето на убиствата најмногу придонеле војната во Украина, граѓанските немири на Хаити, како и активностите на криминалните организации во Мексико, соопшти организацијата со седиште во Брисел, која претставува околу 600.000 новинари од 146 земји.

Најсмртоносна земја за медиумскиот персонал беше Украина, со 12 пријавени смртни случаи, додека Северна и Јужна Америка беа најсмртоносните региони, со 29 смртни случаи.

Извештајот, објавен во пресрет на Денот на човековите права, укажува и на зголемување на политичката репресија и евидентира дека најмалку 375 новинари се затворени поради извршување на својата работа, што е за 10 повеќе од минатата година. Повеќето од нив се во Кина, Мјанмар, Турција, Иран и Белорусија.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on