Уште 30 вработени во руската дипломатска мисија во САД ќе ја напуштат таа држава до 1 јануари 2023 година поради визните ограничувања, изјави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
„Американците ја продолжуваат својата политика на намалување на бројот на руски дипломати во САД. Уште 30 лица ќе ги напуштат САД до 1 јануари. Мора да ги напуштат САД поради визните ограничувања воведени од Стејт департментот“, изјави Антонов во интервју за руски медиуми.
Извор: МИА