Повторно инциденти во ромски населби во Атина

Од:

Трет ден по ред продолжија инцидентите во неколку ромски населби во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина поради случајот со 16-годишниот Ром во Солун, кој во понеделникот беше застрелан од полицаец, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентите се случија доцна синоќа, кога група Роми палеле канти за отпадоци и гуми, а според грчките медиуми ја нападнале и полицијата, пукајќи со ловечко оружје при што бил повреден еден полицаец.

Ромите реагираат откако во понеделникот 16-годишен Ром беше застрелан од полицаец во Солун и е хоспитализиран во критична состојба.

Момчето застанало на бензинска станица, наполнил бензин и побегнал без да плати и била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од 16-годишниот, кој откако не одговорил на барањата да застане, според медиумите, бил застрелано во пределот на главата од еден од полицајците.

Полицаецот, кој пукаше во момчето денеска е изведен пред истражен судија во Солун, а пред судот, роднини и пријатели на момчето одржуваат протест и бараат правда за сериозно повредениот 16-годишник.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, ставот на полицаецот е дека дејствувал во самоодбрана, поради опасноста во која биле неговите колеги кога малолетниот возач се обидел да ги удри со својот автомобил,а во однос на истрелите, дека нишанел ниско кон гумите, а не кон возачот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека