Русите набавиле софтвер со кој би ставиле крај на оружјето кое ја „промени играта“ во Украина

Од:

Руските трупи за противвоздушна одбрана, наводно, добиле нов софтвер кој им овозможува брзо откривање и соборување на проектили истрелани од ракетни фрлачи ХИМАРС, доставени до Украина од САД.

Ова го соопшти командантот на една од единиците за противвоздушна одбрана со седиште во Запорожје.

Американскиот систем ХИМАРС се покажа како пресвртница за Украина во обидот да ја спречи руската агресија. Системот ХИМАРС, според мислењето на повеќето експерти, имаше најзначајно влијание врз руско-украинската војна.

Меѓутоа, руските експерти сега тврдат дека употребата на нов софтвер им овозможува на руските единици за противвоздушна одбрана да прават пресметки кои се речиси 100% попрецизни, овозможувајќи им брзо да ги соборат проектилите истрелани од ХИМАРС.

Алексеј Подберезкин, директор на Центарот за воено-политички студии МГИМО, тврди: „Во принцип, и пред новиот софтвер, 75-80 отсто од ракетите лансирани од системите ХИМАРС беа соборени, но не и 100 отсто“.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски