Бајден вети успех во борбата за забрана на огнено оружје во САД

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден, синоќа повторно вети успех во напорите за забрана на борбеното огнострелно оружје во земјата, со повик до Конгресот да усвои закон за тоа, пред Демократската партија да ја изгуби контролата врз Претставничкиот дом идниот месец.

Претходната забрана за борбено оружје од крупен калибар истече во 2004 година. Бајден се надева на растечкото незадоволство меѓу Американците поради зачестените случаи на стрелби на јавни места во изминатите деценија и пол, и да изнуди од Конгресот да се обрне внимание на овој горлив и долготраен проблем во американското општество.

– Тоа го правевме и порано. Го направивме тоа и погодете што, работеше. Можеме да го направиме повторно, рече Бајден синоќа на меморијалниот настан во пресрет на десетгодишнината од пукањето во основното училиште Сенди Хук на 14 декември 2012 година, кога 20 првоодделенчиња и шестмина возрасни беа убиени од Адам Ланза, вооружен со полуавтоматска пушка.

Меморијалната служба со запалени свеќи посветена на сите жртви од огнено оружје се одржа во Епископската црква во Вашингтон, организирана од невладината Newtown Action Alliance.

– Оружјето сега е број еден убиец на деца во Америка, кои, криејќи се под клупите во училниците, ве молат да покажете смелост. Зашто премногу избрани службени лица немаат смелост да усвојат закони на здравиот разум, кои ќе ги се спасат нашите животи, изјави Џеки Хегарти, поранешна ученичка од Сенди Хук, која го преживеа нападот.

Бајден од почетокот на својот мандат повикува на воведување забрана на борбеното оружје. Во јуни, по негов притисок, Конгресот усвои двопартиски закон, со вклучени одредби со кои им се дава помош на сојузните држави да не дозволат лабилни поединци да дојдат до оружје.

Од Белата куќа не прецизираа дали напорите на Бајден да се донесе некаков закон ќе вродат со плод до 3 јануари, кога мнозинство во долниот дом на Конгресот ќе станат републиканците.

Републиканската партија традиционално е против секакви промени на Вториот амандман на Уставот на САД, кој дава право на Американците слободно да купуваат и носат разни типови оружје, од обични пиштоли до полуавтоматски и автоматски пушки.

Додека во следниот Конгрес тие го губат Претставничкиот дом, демократите, сепак, го зачуваа мнозинството во Сенатот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски