ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во нивно време парите ги трошеа на скапи бисерни гердани

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска во реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, посочува дека партијата во ситуација кога се соочува со внатрепартиски недоразбирања се обидува да го одвлечат вниманието на јавноста.

-Денес СДСМ душегрижнички држи прес-конференции за стандардот на граѓаните, а заборава дека парите во нивно време одеа на скапи бисерни гердани. Доколку СДСМ не создадеше криминална приватизација и транзиција веројатно во државата немаше да има над 200.000 стечајни и отпуштени работници и немаше да достигнеме стапка на сиромаштија која беше толку голема што никој не ја ни мереше, се наведува во соопштението.

Оваа влада, како што се наведува, буџетските средства ги наменува и за градење на објекти за државни институции и за спомен обележја, но истовремено успева и во време на економска криза да ги покачува платите, пензиите, социјалните трансфери и да одвои голем процент за средства за субвенции на земјоделските производители.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ