ВИДЕО: Во Германија уапсени 25 десничари и поранешни војници, планирале пуч

Од:

25 лица осомничени дека се обиделе насилно да ја соборат владата се уапсени во рации низ Германија. Германските медиуми наведуваат дека станува збор за група екстремни десничари и поранешни армиски офицери, кои планирале да упаднат во зградата на парламентот и да ја преземат власта.

Како клучна личност за нивните планови се споменува маж опишан како принц и наречен Хајнрих 13. Тој има 71 година. Наводните водачи се меѓу уапсените во 11 германски покраини, објавија федералните обвинители.

Меѓу заговорниците има и членови на екстремното движење Рајхбургер (граѓани на Рајхот), кое германската полиција го следи долго време поради насилни напади и расистички теории. Оваа група исто така одбива да ја признае модерната германска држава.

Се проценува дека околу 50 мажи и жени се во групата која планирала да ја собори германската република и да ја замени со нова држава базирана на Германија од 1871 година, или империја попозната како Вториот Рајх. „Се уште немаме име за оваа група“, изјави портпаролката на германското федерално обвинителство.

Рациите се извршени низ Германија, а две лица се уапсени во Австрија и Италија, јавува германската агенција ДПА. Уапсените ќе бидат сослушани во текот на денот.

Министерот за правда Марко Бушман на Твитер објави дека е во тек „голема антитерористичка операција“ и дека уапсените „планирале вооружен напад врз уставните тела“. Главниот обвинител рече дека групата планирала насилен пуч од ноември 2021 година.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија