Руските региони Белгород и Курск најавија формирање на единици за територијална одбрана, објави Институтот за проучување на војната во својот најнов извештај. „Со таквата реторика, многу цивили се изложуваат на изгледите за сеопфатна војна под апсурдната премиса на заканата на Украина за пограничните области на Русија“, пишува Институтот.
Американскиот тинк-тенк претходно објави дека пропагандистите на Кремљ почнале да изнесуваат слични неверодостојни теории за украинската копнена закана за руската територија. Московските власти дури и излепија објави низ целиот град за специјалната воена операција, која ISW претходно ги забележа само во оддалечените градови и населени места во текот на летото 2022 година, среде руските кампањи за регрутирање.
„Оваа промена во реториката веројатно не е доволна за да го убеди руското население како целина во неопходноста од дополнителна мобилизација“, откри ISW.
NEW: The #Kremlin directly responded to #Russian rumors of a second wave of mobilization in an apparent effort to manage growing societal concern and recentralize information about the war with the Russian government and its authorized outlets.https://t.co/fiP5DegWcX pic.twitter.com/gbl2zvs25T
— ISW (@TheStudyofWar) December 7, 2022