Припадници на специјалните единици на косовската полиција заедно со патролата на ЕУЛЕКС влегоа во просториите на Општинската изборна комисија (ОИК) во Северна Митровица.
Засега нема официјални информации за причината за нивниот престој во ОИК, а како што пренесуваат дел од албанските медиуми, постои сомневање дека тие се таму поради неексплодирана експлозивна направа.
Пред просториите на ОИК се двајца припадници на специјалните полициски единици, вооружени со автомати.