Попоски: Партиите да го потпишат Меморандумот за поддршка на евроинтеграциите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го реафирмираше Меморандумот за поддршка на ЕУ интеграциите со напомена дека се обврзува на негово целосно реализирање.

– Меморандумот е јасен и недвосмислен, не остава простор за различна интерпретација, а партиите кои ќе го потпишат се обврзуваат континуирано и без одлагање, во рамки на институциите, да ги спроведуваат сите активности и реформи потребни за исполнување на критериумите за членство во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски.

Со потпишување на Меморандумот, додаде, партиите ќе обезбедат конструктивна поддршка, ќе се воздржат од дејства и активности кои може да го попречат или негативно да влијаат на пристапниот процес, а несогласувањата или различните мислења ќе ги надминуваат со меѓусебен дијалог во рамки на институциите, пред се во Собранието, водејќи сметка за интересот на државата и нејзините граѓани. Воедно, ќе вложат напор за постигнување усогласени ставови или решенија во однос на надминување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија во пристапниот процес.

Според Попоски, политичките актери на кои деструктивноста им е главно одбележје треба за момент да се посветат на приоритетите на земјата, почитувајќи ја желбата на сопствените гласачи и на сите останати граѓани кои недвосмислено ја подржуваат интеграција на Македонија во ЕУ.

– ВМРО-ДПМНЕ искрено верува дека овој Меморандум ќе гарантира пред македонската јавност и европската заедница, дека во иднина сите политички недоразбирања ќе се решаваат во институциите пропишани со законите на Република Македонија. Внатрешната обединетост околу македонските стратегиски цели и определби мора на сите да ни бидат приоритет. На тој начин единствено граѓаните на Република Македонија ќе бидат наградени, истакна Попоски.

ВМРО-ДПМНЕ, напомена министерот, повторно покажа пред домашната и странска јавност дека е политичка партија со јасни приоритети со кои секогаш интересите на државата ќе бидат над партиските.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот