Ѓедовиќ: Енергетската криза е шанса за завршување на интерконецијата со Бугарија и изградба на гасовод со Македонија

Од:

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ на конференцијата на Економскиот форум во Белград истакна дека актуелната енергетска криза е шанса да се зголеми енергетската безбедност, доколку Србија ги диверзифицира изворите на снабдување со гас и нафта со завршувањето на интерконекцијата Србија-Бугарија и со изградба на гасна интерконекција, пред се со Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Онаму каде што сме ранливи денес е најголемата шанса да ја зголемиме нашата енергетска безбедност, доколку ги диверзифицираме изворите на снабдување, и на гас и на сурова нафта. Со Балкански тек добивме уште една рута за снабдување и станавме транзитна земја преку која гасот стигнува до Унгарија и Централна Европа. Да го немаше тој гасовод ќе бевме во многу потешка ситуација. Со завршувањето на интерконекцијата Србија-Бугарија, не само што ќе имаме уште една рута за снабдување, туку конечно ќе можеме да кажеме дека повеќе не зависиме само од еден снабдувач. Гасоводот Ниш-Димитровград ќе овозможи проток на гас од централна Азија, рече министерката и додаде дека „планот е да се продолжи со изградба на гасни интерконекции, пред се со Северна Македонија, бидејќи тоа ќе даде можност за повзрување со Јужниот гасен коридор“.

Во нафтениот сектор, војната во Украина и санкциите на ЕУ против Руската Федерација значително се одразија на постоечките текови на снабдување, изјави министерката Ѓедовиќ и потсети дека од вчера не може да се испорачува руска сурова нафта преку ЈАНАФ, единствениот гасовод преку кој во Србија се испорачува нафта.

-Бугарија и Унгарија се изземени од оваа одлука, што покажува дека треба што поскоро да го трасираме патот кон енергетската независност и тоа да го направиме под најповолни услови за граѓаните и економијата. Инаку, и до сега не сме увезувале само руска нафта, напротив, увезувавме нафта од Ирак и од други земји во согласност со трендовите на пазарот, рече Ѓедовиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Партиите продолжуваат со кампањата, уште една недела до изборите

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Експлодираше гасовод во регионот на Харков