Во чест на ре-отворањето на нивната пространа продавница на Беверли Хилс, луксузниот француски бренд Ермес креираше два примероци на баскети кои чинат неверојатни 12.900 долари за парче.
Тие имаат сина боја која го симболизира ведрото и сино небо, синилото на океанот и на базените кои се симбол на животот во Лос Анџелес и Јужна Калифорнија.
Баскетите се изработени од телешка кожа, и се рачно шиени со техниката со која се шијат легендарните Биркин торби.