ВМРО-ДПМНЕ: Срамниот избор на Дамева за претседател на Судски совет го покажува трулиот систем

Од:

„Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е нов срам за македонското правосудство. Вчера за претседател на судски совет беше избран лик за кој постојат фотографии со Заев кои потврдуваат дека е париски активист и член на партиската комисија за правда во СДС. Скандалозен беше и самиот избор на Дамева за член на Советот, кога по предлог на Пендаровски од стручна соработничка во основен суд беше инсталирана во органот кој треба да одлучува за избор и оценување на работата на судии. Ете таков човек догура до позиција на претседател на Судски совет, иако нема облечено судска тога“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Распупеното судство од Заев, Ковачевски продолжува да го распупува. Како расте партизацијата на правосудството од страна на СДС и ДУИ, така се намалува довербата кај граѓаните. Правосудниот систем е во колапс.

Секој ден излегуваат скандали за неговата трулост. Колку што е скандалозен изборот на Дамева, исто толку скандалозен е и изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Полагањето на правосудниот испит на синот на Талат Џафери кој е при крај со Академијата за судии и обвинители и со неправо ќе треба да дели право.

Оставката на претходничката на Дамева, Црвенковска која обвини за бизнис- судска клика.

Изборот на шефови на обвинителства само со еден кандидат, затоа што другите се под притисоци да не се пријават и уште многу други скандали за месец дена.

СДС и ДУИ црпнуваат партиски војници и ги ставаат на високи правосудни позиции за да може непречено да цвета криминалот и корупцијата на власта. Но времето на одговорност ќе дојде и за криминалците од власта и нивните заштитници во судството. Секој ќе одговара за тоа што го сторил, но и тоа што не се борел против криминалот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ