За околу пет месеци во Македонија ќе профункционира подземниот катастар, најави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на кошаркарите пред нивното заминување на Европското првенство во Словенија.
– Некаде во февруари идната година можеме да ги очекуваме првите изводи од подземниот катастар што на компаниите ќе им служи многу ако сакаат да игзрадат или да направат нешто – рече Груевски
Според него законските основи се веќе донесени, а од вчера е во функција и подзаконскиот акт, Правилникот. Во тек е набавка на софтвер, процес што ќе трае 40 дена, сите подготовки се направени, вклучувајќи ги и тренинзите на вработените.
До февруари софтверот ќе се полни со податоци.