(ВИДЕО) Шутаров: ВМРО -ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска создадоа хаос во главниот град

Од:

ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска создадоа хаос во главниот град. Денеска Скопје е целосно парализиран град. Најфреквентните крстосници во градот се целосно блокирани, граѓаните цел ден се соочуваат со потешкотии во движењето. Утрово стотици илјадници граѓани не можеа навреме да стигнат на своите работни места, до здравствените установи, до државните институции, учениците и студентите не може на време да стигнат до училиштата и факултетите, изјави Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

Доцнат и возилата на итната медицинска помош од што зависат здравјето и животите на итните случаи.Мицкоски стои зад овие блокади само заради кавгата со неговата Арсовска. Блокада денеска е блокада на Христијан Мицкоски и неговата совест.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја промовираа Арсовска како идна мајка на градот, за „Модерсно Скопје“. Мицкоски со трубачи ја чекаше Аросовска еуфорично пред белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Токму Мицкоски од партиска говорница, најавуваше дека за Скопје ќе набавел 100 нови автобуси, па дури ветуваше отворање фабрика за електрични автобуси. Денес, од тоа нема ништо, а не функционира ниту постоечкиот јавен превоз.

По денешниот колапс на сообраќајот, прво што Мицкоски треба да направи е да им се извини на граѓаните.Потоа да ги повика неговите советници од мнозинството и членови на Управниот одбор на ЈСП да преземат мерки за надминување на блокадите. Денеска Скопје е заглавен град, како што Македонија беше заглавена 11 години под ВМРО-ДПМНЕ – нагласи Шутаров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел