Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка.

Во водите на езерото беа испуштени сто илјади парчиња подмладок пастрмка од годинaшниот мрест, девет месеци од оплодувањето на икрата и шест месеци старост, со просечна тежина од 2 и 2,5 грама и должина меѓу шест и осум милиметри.

– Станува збор за редовна активност согласно Законот за рибарство и аквакултура, со кои државата е задолжена за порибување на рибиловните води врз основа на риболовната основа изготвена од надлежните институции. Во тој процес на порибување од 2006 година досега езерото е порибено со околу 14 милиони единки подмладок пастрмка за што се вложени средства во износ од околу 35 милиони денари, рече Димовски.

За оваа година тој појасни дека се предвидени приближно 2,1 милиони единки подмладок охридска пастрмка, активност што ќе биде заокружена до крајот на идниот месец.

Во насока на поголема заштита на рибниот фонд, од оваа година за Охридското Езеро е избран концесионер, кој покрај правата има и соодветни обврски.

– Обврска на концесионерот е да се грижи за езерото, рибниот фонд, особено за бројноста и староста на рибата. Државата пак има обврска во соработка со овластените институции по пат на вештачки мрест да изврши порибување на македонската страна од езерото, појасни министерот Димовски.

Тој нагласи дека паралелно со активностите што се спроведуваат во таа насока од страна на властите на Република Македонија, такви порибувања се вршат и на албанска страна.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство